Астрономите предвидуваат скорешен остар пад на активноста на Сонцето

Сонцето ќе стане постудено и потромаво до 2050 година, предвидуваат астрономите на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего, чиешто истражување е објавено во научното списание Astrophysical Journal Letters

Научниците веруваат дека ваквите промени ќе бидат резултат на таканаречениот „гранд минимум“ на сончевата активност, што всушност се периодични случувања во текот на кои магнетното поле на Сонцето слабее, се формираат помалку петна и се намалува ултравиолетовото зрачење.

Во својата студија експертите ги проучувале зрачењата на ѕвездите слични на Сонцето во текот на дваесет години, и врз основа на овие податоци, заклучиле дека Сонце ќе биде придушено до средината на XXI век.

Соларната активност се зголемува и намалува со периодичност од 11 години. Според тоа, според пресметките на астрономите, до 2050 година температурата на Сонцето може да се спушти до Маундеровиот минимум, регистриран во периодот од околу 1645 до 1715 година. Тогаш, според пресметките на астрономот Едвард Волтер Маундер, наместо вообичаените 40.000 до 50.000, на Сонцето се формирале само 50 сончеви петна. Овој сегмент во историјата често се поврзува со малите ледени периоди, но не сите научници се согласуваат со овој став, и сметаат дека дури и прои силен пад на сончевата активност не може да биде предизвикано глобално заладување.