Спорт

Атланта славеше против Сан Антонио

Атланта славеше против Сан Антонио

Атланта славеше против Сан Антонио со 117:107 во претсезонски натпревар, а македонскиот кошаркар Перо Антиќ на теренот мина скромни седум минути.

Поранешниот македонски репрезентативец по враќањето на паркетот по повредата на носот, добива мала минутажа, а таков беше случајот и на мечот со „Спарси“. Неговиот тим го доби натпреварот, а тој за седум минути на теренот не успеа да постигне ниту еден поен, но успеа да запише две асистенции и еден дефанзивен скок.

Антиќ имаше три обиди за два поени и два неуспешни обиди од линијата за три поени.

Најефикасен во таборот на Атланта беше Џеф Тиг со 21 поен, додека Мајк Скот постигна 19, на спротивната страна најефикасен беше Тони Паркер со 17 уфрлени поени.

НБА претсезона:

Орландо – Хјустон 89:90

Бостон – Бруклин 100:86

Њујорк – Вашингтон 103:100

Торонто – Макаби Хаифа 92:85

Мемфис – Кливленд 96:92

Милвоки – Минесота 91:110

Сан Антонио – Атланта 107:117

ЛА Лејкерс – Портланд 94:86

ЛА Клиперс – Феникс 108:105