Атанас Николовски победник на ИКАС

По едногодишната пауза кајакарот Атанас Николовски победи на 46.от Илинденски кајак слалом – ИКАС одржан викендов на Матка крај Скопје.

Во дисциплината К1, Николовски ја мина патеката за 94.36 секунди или нешто повеќе од две секунди побрзо од Хрватот Марко Мркочи. Трет беше Хрват Динко Мулиќ, исто така од Хрватска.

Во другите дисциплини доминираа натпреварувачите од Словенија.

Алја Козорог е победничка меѓу жените во дисциплината К1, пред Србинките Кристина Петровиќ и Оља Лазаревиќ.

Во Ц1 победи Зига Талјат, пред Хрватите Иван Толиќ и Лука Обадиќ.

Словенците Лука и Петар Знидаршиќ беа најбрзи во Ц2.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.