Атанасов: Образовението е врвен приоритет во нашата програма

Во образованието работите одамна не се такви какви што треба да бидат. Затоа се потребни големи промени. Во нашиот План за живот, приоритет се учениците, изјави денеска Петар Атанасов, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Ќе го укинеме екстерното тестирање, ќе го намалиме бројот на предмети во пониските нивоа на образование, ќе воведеме систем за професионална ориентација на ученици и ќе го намалиме бројот на деца во паралелка на 25 ученици.

Втор приоритет се наставниците и професорите. Ќе ги укинеме сите казни што се директно поврзани со образовниот процес. Наставниците ќе ги ослободиме од непотребната административна работа и ќе воведеме критериуми за наградување и мотивација со што ќе го вратиме достоинството на наставникот.

Приоритет број три се Универзитетот и студентите. Целосно ќе ја поддржиме автономијата на Универзитетот. Ќе ги поддржиме идеите за негово подемократско управување и сакаме поголемо учество на студентите на нивните матични факултети, истакна Атанасов.