Атанасов: Соросовите платеници брутално почнаа да ги трошат парите на граѓаните преку Министерството за култура

Министерството за „анти-култура“ и министерот Роберт Алаѓозовски продолжуваат со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството и според информациите кои излегоа во јавноста најнов случај е вработувањето на Нора Шаќири како дел од тимот на Алаѓозовски, изјави во средата Владимир Атанасов.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и споменатото вработување во Министерството за култура, како и претходните во овој ресор е спроведено без конкурс, без јасни критериуми за работата, без дефинирана позиција надвор од сите норми и стандарди без запазена процедура.

„Плукањето по сите проекти во културата на кои работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, особено ‘Скопје 2014’ им се исплатеше на дел од платениците кои први влегоа во министерскиот кабинет. Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини се дел од шарената платеничка револуција која со месеци дивееше и ги тероризираше граѓаните на Република Македонија“, рече Атансов.

Додаде дека вработувањата на лицата што ги спомена во Министерството за култура е само еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, кои не се спроведуваат според професионалноста, туку како пто нагласи – според лични пријателства, непотизам и политички интерес.

„Покрај директорски позиции недолго по преземањето на власта, СДС под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, твитерџии и комедијанти кои причинија огромна материјална штета на културните објекти низ Скопје. Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ и многу други се дел од долгата листа на ново вработени по државните институции“, додаде Атанасов.

Порача дека ваквите вработувања мора да бидат стопирани и оти граѓаните ќе умеат да ги препознаат овие штетни политики и затоа казната ќе стигне на 15-ти октомври.