Атанасов: Во Берово ќе изградиме нов градски пазар и стадион

Драги беровци со гордо лице денес застанувам пред вас јас и мојот тим на советници и нашата партија ВМРО-ДПМНЕ затоа што има со што да се пофалиме многу сме ветувале и ветеното сме го исполниле заедно со мојот тим имаме јасна, прецизна и остварлива програма која носи просперитет и развој, вели кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Атанасов.

-Проектите кои сакам да ви ги презентирам оваа вечер се резултат на заедничка соработка токму со вас граѓаните, а проектите и решенијата се ваша потреба и наша обврска да ги оствариме. Ќе изградиме современ градски пазар во вредност од 8 милиони денари, изградба на водоснабдителен систем и резервоар во село Двориште со што ќе се реши долгогодишниот проблем со водата, а проектот е во вредност од 15 милиони денари, ќе се продолжи целата водоводна мрежа во село Русиново и ќе се изгради резервоар за вода, ќе се прошири канализационата мрежа во Берово и доизградба на атмосферската канализација, ќе се реконструира патот Владимирово-Мачево, ќе изградиме кружна раскрсница на влезот во Берово и на спојката на патот Берово-Струмица, потенцираше Атанасов.

Тој додава и дека во Берово ќе се изгради фудбалско игралиште и стадион со соблекувална во село Русиново.

-Ќе ја реконструираме кино салата во Берово која ќе прерасне во еден современ мултикултурен центар, во нашата програма ветуваме дека ќе го канализираме останатиот дел од Будинарски поток кој поминува низ централниот дел на Будинарци. Ќе продолжиме активно со поддршката на талентираните ученици и ќе воведеме бесплатни обуки за информатичките технологии и странски јазици. А за децата од претшколска возраст кои потекнуваат од социјално загрозени семејства ќе обезбедиме бесплатен претстој во детската градинка во Берово. Со проектот еко град ќе се спроведат напредни еколошки технологии за селектирање и рециклирање на отпадот и ќе изградиме водоснабдителен систем и прочистителна станица на Беровско езеро кои ќе придонесат за понатамошен развој на алтернативниот туризам во Берово.

Тој ги повика граѓаните да не му веруваат на неговиот против кандидат кој им ветувал кули и палати, а истиото не е непознат на јавнста, додава и дека СДСМ ја раководело општината од независноста па се до 2008 година, а тие за цели 18 години ја задолжија општината за цели 500 илјади евра.