Атанасов: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се случи културна преродба

Единствени сме по многу нешта, но ВМРО-ДПМНЕ единствени се и по една друга работа, а тоа е дека културата на македонскиот народ е вечна идеологија, рече на денешната панел дискусија Владимир Атанасов.

„Самата култура е мост помеѓу народите несомнено е дека нашиот мост го гради токму ВМРО-ДПМНЕ. Свеста и длабочините за моќта на македонската цивилизација, врз која што се темели и денешна Република Македонија го одредија патот , односно и програмите на ВМРО-ДПМНЕ. Па така можам да кажам дека најголем дострел за афирмација на Република Македонија согледа во полето на културата“, рече Атанасов.

Според него, несомнен е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ во успесите и развојот на свеста за културата, токму во културата кај македонскиот народ и може да се каже дека всушност културата на македонскиот народ е опшествена основа.

„Можеме да кажеме, исто така, дека за ВМРО-ДПМНЕ културата претставува и стратегиски интерес а тоа го согледуваме во изминатите десет години. Најударно според мене е изградбата на нови објекти коишто придонесоа за едно ново творење на македонмската култура, односно беа обезбедени сите основни услови, односно се поставија темелите и се започна со изградба на македонската културна инфраструктура. Можеме да кажеме дека првпат се случуваат работи од типот на тоа да имаме еден нов подем на македонската култура. Се обезбедија услови за дистрибуција и рецепција на културните и уметничките добра и ред на други низа на поволности во коишто младите беа вклучени во тоа“, истакна при своето излагање Атанасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.