четврток, 16 февруари 2017  |  Вести денес: 55

Атанасовски до ДИК: Да се испочитува волјата на народот која беше искажана на 11 декември

dimitar-atanasovski

Поврзани вести

Почитувани мои сограѓани, почитувани браќа и сестри, не е ладно, не е ладно затоа што не греат срцата и љубовта за Македонија. Денеска како и вчера и завчера, како и од моментот од кога се објави онаа срамна одлука за чисти како солза избори, овие дами и господа внатре одлучуваат дали тоа е така или не. Но, јас имам едно да порачам за кое знам дека ќе се согласите со мене, а тоа е дека не се малкумина кои одлучуваат за Македонија, туку народот е тој што одлучи на 11 декември.

Ова го истакна Димитар Атанасовски во своето обраќање пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

-454 илјади гласови одлучија на кого треба да му се даде довербата и кој е тој што треба да ја формира новата Влада на Република Македонија. Искрено да ви кажам неколку дена размислував дали воопшто да се обратам овде и дали има нешто што треба да се каже а не е кажано, но денеска сфатив дека нема да се откажеме, денеска сфатив дека ќе останеме овде и дека македонската волја и волјата на народот се тие кои ќе кажат кој ќе ја води новата Влада на Република Македонија. Ако 454 илјади гласови не се доволна причина, тогаш нека дојде некој да ми каже, што е тоа што треба да одлучи за Република Македонија.

Атанасовски се заблагодари на сите присутни кои се пред ДИК на ова ладно време со цел да го искористат своето фер и демократско право на протест.

-Да им кажеме на луѓето од Државната изборна комисија дека нема да се откажеме и дека сме ние тие кои што ќе останеме последни за ништо друго, туку за да се испочитува волјата на народот која што беше искажана на 11 декември. Вие сте тие кои ги правите промените во ова општество и вие сте тие кои што ќе кажете „не“ на сите сплетки што се случуваат во Република Македонија и „да“ за волјата на народот, порача Димитар Атанасовски.

Најчитани вести