недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 34

Атанасовски: Ќе постапиме по судска одлука, но треба да се одделат активните од завршените ПИМ

atanasovski-direktor-ubk

Последни вести

Директорот на УБК, Владимир Атанасовски, изјави дека „се трасираат чекорите целата постапка да заврши без ризик за безбедноста на државата“.

„Ќе постапуваме по судската наредба, но таа треба да биде во согласност со позитивните законски прописи. Тоа значи да немаме прекин во спроведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ). Судската наредба се однесува на завршени ПИМ, а во посочениот период има и други ПИМ кои се уште се активни. Операторот треба да ги оддели активните од завршените ПИМ. Договорено е со претставникот од операторот да испратат нивни експерти и во наредниот период тој проблем да се надмине“, рече Атанасовски.

Најчитани вести