Атина бара 279 милијарди евра од Берлин за воени репарации

Грчката влада побара од Германија да и бидат исплатени 279 милијарди евра за нацистичката окупација на Грција за време на Втората светска војна.

Димитрис Мардас,заменик министерот за финансии ова го изјави на седницата на парламентарната Комисија која специјално е формирана во врска со воените репарации.

Според него, станува збор за заем од Банката на Грција што Германија го земала присилно, како и за украдени археолошки артефакти.

Германија до сега неколку пати ги отфрли грчките барања за воени репарации наведувајќи дека веќе за таа цел на Атина и биле исплатени 115 милиони марки во 1960 година.