Атина добива џамија по една деценија одложување

Грција има „меѓународна задача“ да изгради џамија во главниот град, рече градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, критикувајќи го предлогот на неговиот најсериозен опонент на претстојните локални избори за организирање референдум во градот за ова прашање.

Пплановите за изградба на џамија во грчката престолнина беа одложување повеќе од една деценија.

Имигрантите муслимани за своите молитви се принудени да користат импровизирани места околу градот.

Грчката влада се согласи да додели околу еден милион евра за финансирање на проектот за изградба на џамија во една поранешна индустриска зона.

Каминис, кој според анкетите веројатно ќа биде реизбран на функцијата, предлогот за референдум на својот соперник Арис Спилиотопулос синоќа го оцени како „сериозна грешка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.