вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Атина е подготвена да го поддржи обновувањето на „Јужен тек“

Гасоводот „Јужен тек“ би можел да биде обновен затоа што ќе придонесе за енергетската безбедност на Европската Унија, рече грчката амбасадорка во Русија Данае Магдалене Куманаку за Интерфакс, пренесува „Раша Тудеј“.

juzzen_tek

Поврзани вести

Гасоводот „Јужен тек“ би можел да биде обновен затоа што ќе придонесе за енергетската безбедност на Европската Унија, рече грчката амбасадорка во Русија Данае Магдалене Куманаку за Интерфакс, пренесува „Раша Тудеј“.

Ако евроамбасадорот во Русија Вигаудас Усацкас верува дека тоа е можно, јас може само да се согласам. За Грција е повеќе од добредојдена изградбата на гасоводи на нејзина територија што ќе придонесе за диверсификација на доставата на гас и енергетска безбедност, вели таа.

Според амбасадорката, Грција активно ја поддржувала идејата за „Јужен тек“ и исто така го поддржува новиот проект „Посејдон“ за достава на руски гас под Црното Море во Европа преку трети земји.

Евроамбасадорот во Русија Усацкас рече дека Европската Унија е подготвена да ги обнови преговорите со Русија за „Јужен тек“ во јужна Европа, но дека проектот треба во целост да соодветствува со правилата за Третиот Енергетски Пакет.

Третиот Енергетски Пакет на ЕУ забранува компаниите во истовреме да го поседуваат гасот и да управуваат со гасоводот.

Инаку, Москва го откажа проектот Јужен тек во 2014-тата, по две години градежни работи. Проектот беше прекинат од страна на Бугарија на барање на Европската Комисија, според која проектот не соодветствувал со европската правна регулатива.

Најчитани вести