Атина ги очекува претставниците на Тројката

Точниот датум на следната мисија на меѓународните кредитори во Атина се’ уште не е позната, соопштува весникот „Катимерини“.

Во саботата вечерта грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, изјавил дека претставниците на Тројката кредитори ќе ја посетат земјата во следните неколку дена. По состанокот со премиерот и министерот за надворешни работи на Грција, за координирање на активностите на грчката Влада, со оглед на претстојната посета, Стурнарас не можел да го каже точниот датум за посетата на доверителите.

Министерот додал дека грчката Влада испратила податоци за фискалниот дефицит од 1,2 милијарди евра за 2014 година и се очекува повратна информација.