Атина: Група анархисти се судри со полицијата

Група млади анархисти се судри со грчката полиција во центарот на Атина и оштети повеќе возила, откако претходно имаше демонстрации на неколку стотици анархисти кои бараа укинување на затворите со максимална безбедност, пренесува Танјуг.

Демонстрантите фрлале молотови коктели и камења врз полицијата која возвратила со солзавец.

Четири лица се приведени, а засега нема податоци дека имало повредени. Најмалку два автомобили се запалени, а бил скршен и еден излог.

Анархистите ги засилија протестите откако во јануари минатата година била избрана новата радикално левичарска влада во Грција.

Тие бараат властите да го укинат затворот со максимален степен на обезбедување каде се затворени голем број милитантни анархисти.

Протестите биле продолжени откако владата дала ветување дека наскоро ќе ги исполни нивните барања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.