сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 8

Атина лута: Провокација на Рама со карта со грчки територии

тирана

Последни вести

Грчките медиуми остро реагираат по објавувањето на фотографијата на која се албанскиот премиер Еди Рама и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, а зад нив е „стара георафска карта на албанските територии“.

Станува збор за фотографија од средбата Рама-Коѕиас од пред два дена, за време на престојот на Коѕиас во Тирана.

Грчките медиуми оценуваат дека ова е провокација од соседите, зашто на географската карта на Албанија опфатени се и грчки територии.

– Која беше рекацијата на грчкиот министер? Апсолутно никаква! Знаеше дека ќе се фотографира? Сируно да!, пишува меѓу другото грчкиот „Епирус Пост“.

Грчкиот портал „Њузбомб.гр” прашува дали Коѕиас не знаел за каква карта станува збор?

– Не се изненади што грчки региони се опфатени во картата? Зошто не реагираше? Зошто не го праша албаскиот премиер за картата, наместо да се смее на фотографијата? На крај, има ли надворешна политика оваа земја? Има ли грчка дипломатија? Грчкиот народ бара објаснување, наведува порталот.

Најчитани вести