сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Атина не и дозволи на австриската министерка за внатрешни работи да ја посети Грција

grcija

Последни вести

Официјална Атина го одби барањето на австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер да ја посети Грција следната недела, во услови на растечки тензии меѓу двете членки на ЕУ поради строгиот пристап на Виена во справувањето со мигрантската криза во Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, дипломатски извори за „Катимерини“ изјавиле дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас рекол оти Австрија прво мора да ги повлече унилатералните мерки договорени на состанокот со балканските држави во Виена.

Грција, која не беше поканета на средбата, ја обвини Австрија за „непријателски чин“, а вчера беше отповикан и грчкиот амбасадор во Виена.

Најчитани вести