Балкан

Атина очекува добра година за програмата за приватизација

Атина очекува добра година за програмата за приватизација

Во официјалното соопштение грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека 2014 година ќе биде плодна година, што се однесува до приватизацијата, пишува весникот „Катимерини“.

Стурнарас посочи дека оваа година ќе биде добра за приватизационата програма на земјата, бидејќи се очекуваат значителни приходи за грчката држава и економијата на земјата.

Министерот сепак призна дека има застој во распоредот на програмата. Тој додаде дека Атина и меѓународните кредитори се свесни дека целта за собирање на 2,8 милиони евра од приватизацијата на државни средства е тешко остварлива.