Атина поплавена по големото невреме

По трагедијата во Грција, кога пожарот во близина на Атина однесе над 80 животи, денеска соседната држава ја погоди невремето Флоријан кој донесе обилни дождови, грмежи, силни ветришта и град.

Засега најпогодена е Атина каде што невремето предизвика големи поплави, особено во северното предградие на метрополата.