Атина реагира на изјавата на Хан за можно брзо решение на спорот за името

Грчкото Министерство за надворешни работи, попладнето во вторникот преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

„Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува“, сооптши грчката дипломатија.

Еврокомесарот Хан претходно во вторникот говорејќи Јоханес Хан пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните петанесетина дена.

„Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ.Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и целиот регион на Западен Балкан “, изјави еврокомесарот.

И македонскиот премиер Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот Хан изјави дека не верува оти за две седмици може да се реши спорот за името.

„Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за седмици пред нас, но мислам дека две седмици се премалку“, рече Заев.