Атина со мерки за помош за Кефалонија

Жителите на грчкиот остров Кефалонија ќе бидат ослободени од данок на имот во 2014 година, а Владата ќе одвои големи суми за враќање на имотот, погоден од земјотресите во регионот, пренесе „РИА Новости“. Ова се дел од мерките за помош утврдени за време на состанокот одржан во средата вечерта од премиерот Андонис Самарас.

„Кефалонија поминува низ болно искушение. Ние треба првенствено да ги заштитиме луѓето, да ја поправиме материјалната штета и да бидеме во постојана подготвеност да помогнеме. И сето тоа е наша морално, а не само политичко обврска“, изјавил премиерот за време на состанокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.