Балкан

Атина вложува големи надежи во претседателството со ЕУ

Атина вложува големи надежи во претседателството со ЕУ

Владата во Грција вложува големи надежи во своето претседавање со Европската унија, пренесуваат локалните медиуми.

Многу популарни лица од Брисел пристигнаа во средата во Атина , за да го прослават почетокот на грчкото претседателство во 28-члениот блок. Меѓу нив беа претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Премиерот Андонис Самарас некако успеа да го преживее фактот дека лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас не присуствуваше на церемонијата во Концертна сала во Атина, во знак на протест против социјалните тешкотии генерирани од антикризните барања на ЕУ. Растот, вработеноста, миграцијата, ова ќе бидат приоритетите на грчкото претседателство. Тоа се прашања за кои силно се заинтересирани Грците, но не само за нив.

Сепак Владата во Атина се надева дека ќе успее да извлече повеќе бенефиции во наредните шест месеци.