Атина за Турски тек: Американското мешање во грчките внатрешни работи е неприфатливо

Учеството на Грција во БРИКС банката била една од темите на денешниот телефонски разговор меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Двајцата соговорници разговарале и за прашањата поврзани со енергетската и бизнис соработка, како и за престојната посета на Ципрас на Русија кон крајот на месецов. Грчкиот премиер од 18 ти до 20 ти јуни ќе учествува на Економскиотфорум во Санкт Петербург, заедно со министерот за енергетика Панајот Лафазанис, со претседателката на грчкиот парламент Зои Константопулу и уште голем број министри и високи државни претставници.
Грчкиот минситер за енергетика Лафазанис најави дека не е исклучена можноста Грција да потпише Меморандум за учество во гасоводот Турки тек токму во рамките на Економскиот форум. Извори од министерството пак, во меѓувреме ги осудија обидите на САД да се мешаат во внатрешните работи на Грција.Откако американскиот координатор за меѓународна енергија Амос Хоштеин пред неколку денови директно побара конструкцијата на гасоводот од Турција да биде сопрена, извори од грчкото министерство за енергетика реплицираа преку изјава за “РИА новости”.
 
“Ова е неприфатливо мешање во грчките внатрешни работи. Нашата Влада ги донесува своите одлуки земајќи го предвид националниот интерес на земјата и во име на грчкиот народ”, се вели во изјавата за “РИА новости”.
 
Во грчката јавност со месеци наназад се информира дека и Македонија е жртва на огромен притисок на Западот, кој што користејќи ја опозицијата и соросовите платеници, дејствува со цел спречување на евентуалното учество во гасоводот. Обидот за пуч, објавувањето на нелегално сниманите разговори, напорите за предизвикување улично насилство и терористичкиот напад во Куманово, според голем дел од грчките медиуми се дел од една иста стратегија за предизивкување обоена револуција, соборување на легитимната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и дефинитвно отфрлање на учеството во Турски тек.