Спорт

Атланта на Антиќ со 18-та победа во низа

Атланта на Антиќ со 18-та победа во низа

Екипата на Атланта ноќеска го совлада Портланд со 105:99 за 18-та победа во низа.

„Јастребите“ остана непоразени цел јануари, а со оваа победа го израмнија рекордот од 18 врзани победи на Њујорк од сезоната 1969/70, на Бостон (1981-1982) и на Чикаго (1995-1996), екипи кои имаа иста таква серија.

Македонскиот центар Перо Антиќ против Портланд одигра нешто повеќе од 12 минути, период за кој успеа да постигне 7 поени, додавајќи и три скокови.

Пол Милсап со 21 поен и 8 скокови беше најдобар во победничкиот тим, додека на Портланд не му помогна ниту фантастичниот Ламаркус Олдриџ кој имаше дабл-дабл од 37 поени и 11 скокови.

НБА резултати

Филаделфија – Минесота 103:94

Атланта – Портланд 105:99

Бостон – Хјустон87:93

Бруклин – Торонто 122:127 (по продолжение)

Кливленд – Сакраменто 101:90

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 108:103

Мајами – Далас 72:93

Јута – Голден Стејт 110:100

Феникс – Чикаго 99:93