Спорт

Атланта обезбеди место во плејофот

Атланта обезбеди место во плејофот

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ кој настапува во тимот на Атланта, го обезбеди своето последователно учество во плејофотво НБА лигата, откако го совлада шампионот Мајами со 98:85.

Џеф Тиг со 25 поени и Лоу Вилијамс со 23 поени беа предводниците на Атланта до триумфот, во кој го немаше Антиќ поради одлука на тренерот на Атланта да овозможи одмор за него пред плејоф завршницата.

Во составот на Мајами 27 поени имаше Леброн Џејмс а 24 поени запиша Двејн Вејд, но тие не помогнаа многу шампионот избегне поразот.

Резултати: Шарлот – Филаделфија 111:105, Вашингтон – Милвоки 104:91, Атланта – Мајами 98:85, Кливленд – Бостон 99:111, Хјустон – Њу Орлеанс 111:104, Далас – Феникс 101:98, Денвер – Јута 101:94.