Атланта поведе против Индијана со 3-2

Кошаркарите на Атланта во чи редови настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ се на една победа до следната рунда во плеј-офот во НБА лигата, откако вторпат во серијата ја победија Индијана на нејзин терен.

Во петтиот натпревар од четвртгиналето на плајофот на Истокот, Атланта славеше со 107:97 и поведе со 3:3 во победи Решавачка за победата беше втората четвртина која гостите ја добија со 41:19.

Изненадување за домаќинот беше добрата игра на двајца од клупата. Шелвин Мек и Мајк Скот, кои постигнаа 20 односно 17 поени.

Следниот натпревар се игра во четврток на теренот на Атланта.

Шампионот Мајами ја постигна и четвртата победа (4:0) над Шарлот и се пласира во полуфиналето на „Исток“. Мајами славеше на гостински терен со 109:98.

Сан Антонио го победи Далас со 93:89 и изедначи на 2-2 во серијата.

Вечерва се играат натпреварите: Чикаго – Вашингтон (1-3 во победи), Оклахома Сити – Мемфис (2-2) и ЛА Клиперс – Голден Стејт

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.