Спорт

Атланта тргна со пораз во новата НБА сезона

Атланта тргна со пораз во новата НБА сезона

Тимот во кој настапува нашиот Перо Антиќ, Атланта, претрпе пораз на нивниот прв натпревар во новата сезона. На гостувањето во Торонто, “јастребите” загубија со 109:102.

Во отсуство на Антиќ, под кошевите доминираше центарот на Торонто, Валанчиунас, кој постигна 17 поени и 8 скока, додека Џонсон имаше 16 поени и 10 скока. Во поразениот тим тројца играчи постигнаа по 20 поени, и тоа Корвер, Тиг и Скот.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 108-106 (пр), Индијана – Филаделфија 103-91, Бостон – Бруклин 121-105, Мајами – Вашингтон 107-95, Торонто – Атланта 109-102, Мемфис – Минесота 105-101, Њујорк – Чикаго 80-104, Денвер – Детроит 89-79, Јута – Хјустон 93-104, Феникс – ЛА Лејкерс 119-99, Сакраменто – Голден Стејт 77-95, Портланд – Оклахома 106-89