Атлетик (Б) лош домаќин

Дека се на добар пат да изборат пласман во елитното друштво, фудбалерите на Атлетик (Б) покажаа и докажаа и на последниот натпревар од 33. коло во шпанската „Примера дивизион“.

Дуелот против секогаш незгодниот тим на Малага заврши со убедлив триумф на баскискиот тим кој повторно има шест бода повеќе во споредба со петопласираниот тим на табелата, Севилја.

„Многу е важна оваа победа, многу го ценам овој триумф. Ја задржавме предоста на првенствената табела, тоа е најважно. Сега, секоја победа вреди и повеќе од три бода, секоја победа е мотив плус за мене и за моите фудбалери. Бевме фокусирани од првиот до последниот судиски свиреж, дадовме се од себе и ги заслуживме сите три бода”, изјави по натпреварот тренерот на Атлетик (Б), Ернесто Валверде.