Атлетик убедливо против Хихон

Атлетик убедливо против Хихон
Атлетик убедливо против Хихон

Екипата на Атлетик Билбао ја постигна и третата победа во Примера откако синоќа пред своите навивачи го победи Спортинг Хихон со 3:0 и притоа на последните четири натпревари освои 8 од можните 12 бодови.

Два гола постигна Артиз Адуриз, а еден Маркел Сусаета.

Атлетик Билбао со новите три бодови има вкупно 11 и се проби на 12.место, додека Хихон остана на 17.место со 9 бодови.

На другите дуели од 9.коло беа постигнати следниве резултати: Атлетико Мадрид – Валенсија 2:1,
Барселона – Еибар 3:1,
Лас Палмас – Виљареал 0:0,
Леванте – Реал Сосиедад 0:4,
Малага – Депортиво 2:0,
Севиља – Хетафе 5:0,
Гранада – Бетис 1:1,
Селта – Реал Мадрид 1:3 и
Рајо Ваљекано – Еспањол 3:0.

Табела: Реал Мадрид 21 бод, Барселона 21, Атлетико Мадрид 19, Селта 18, Виљареал 17,…