Атлетико го победил Реал со 4:0 само еднаш во 40 години (ВИДОЕ)

Барселона против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите покажа дека се можни чуда, меѓутоа тешко е да се поверува дека тоа може да го стори и Атлетико Мадрид во среда вечер и да се пласира во финалето од најсилното континентално натпреварување, откако на првиот меч беше совладан од градскиот ривал Реал со 0:3.

Поради овој пораз, Атлетико на својот „Винсене Калдерон“ треба да постигне најмалку три голови без да прими ниеден за да се избори за продолженија или, пак, да победи со четири голови разлика за директно да се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Во последните четири децени „јорганчиите“ (Los Colchoneros) само еденаш го совладале „Кралскиот клуб“ со 4:0, и тоа во февруари 2015 година.

Денешниот дуел со Реал ќе биде и последниот натпревар во европските купови којшто Атлетико ќе го игра на својот стадиот „Винсенте Калдерон“, бидејќи од следната година ќе се пресели на стадонот „Ванда Метрополитано“ кој чини 240 милиони евра. Поради тоа се чини дека фудбалерите на Атлетико ќе бидат дополнително мотивирани.

Двата мадриски клуба четврта сезона во низа се среќаваат во Лигата на шампионите и, според сé судејќи, Реал и по четврти пат ќе биде поуспешен. Реал минатата 2016, како и во 2015 година, беше подобар во финалето, а во 2015 година го победи Атлетико во четвртфиналето.

За Реал ова е 28-мо полуфинале во Лигата (поранешниот Куп) на шампионите, при што седмото последователно, а досега 14 пати изборил финале. Атлетико стаса до своето шесто полуфинале, а трипати се пласираше во финалето, но сите три завршни натрпевари беше поразен.

Дуелот меѓу Атлетико и Реал во среда ќе започне во 20,45 часот, а ќе го суди Турчинт Чунеј Чакир.