Атлетико (М) и Барса без муниција, Реал (М) ќе профитира од ремито

Не само што заврши без победник, долго очекуваниот дуел помеѓу директните ривали за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, Атлетико (М) и Баселона, не понуди ниту еден погодок и со право фудбалските фанови истиот го дефинираат како еден од најдосадните дерби натпревари во изминатите неколку сезони.

Далеку понезадоволни од кончениот резултат мора да бидат фудбалерите на Барселона кои доминираа во поголемиот дел од натпреварот но не најдоа решение за дефанзивниот бедем на домаќинот кој повеќе мислеше на сопствениот отколку на противничкиот гол.

Нерешениот резултат најмногу му одговара на моментално третопласираниот тим на табелата, Реал (М), а избраниците на Карло Анчелоти денеска имаат обврска да слават во првенствената пресметка со помалку трофејниот претставник на Барселона, екипата на Еспањол.

Резултати: Атлетик Б. – Алемирја 6:1, Селта – Валенсија 2:1, Атлетико М. – Барселона 0:0, Елче – Севилја 1:1.

Денеска на програмата:

Гетафе – Р.Валјекано, Бетис – Осасуна, Еспањол – Реал (М), Леванте – Малага.