Атлетико (М) ќе се брани, Барса ќе напаѓа

За фудбалските фанови во шпанија, дефинитивно поинтересен ќе биде првиот 1/4 финален дуел од Лигата на шампиони, помеѓу директните ривали за шампионската титула во Примера дивизион, Барселона и Атлетико (М).Сите фудбалски стручњаци се сложни дека каталонскиот гигант ја има улогата на апослутен фаворит и се освен сигурен триумф на Барса ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

Освен во присуството на фудбалскиот “магионичар”, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси, предноста на Барса во споредба со Атлетико (М) може да се лоцира и во поголемото искуство кое најчесто се покажало како пресудно кога се во прашање натпреварите од елиминациската рунда.

“Сакам победа и тоа без примен погодок. Сакам со предност да го стартуваме реванш дуелот на “Винсенте Калдерон”. Барса нема друга опција, мора да слави на првиот натпревар. Мора да бидеме внимателни до последниот судиски свиреж, да го запреме секој контра напад на Атлетико (М). Ако победиме на првиот натпревар, тогаш на реваншот ќе имаме повеќе простор за игра, ќе добиеме шанса да постигнеме погодок. Ако бидеме дисциплинирани и креативни, тогаш сигурно ќе се стекнеме некаква предност”, изјави предводникот на Барса, Херардо Тата Мартино.

Ако Меси е главното оружје на Барселона, тогаш најверните фанови на Атлетико (М) најмногу очекуваат од новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста.Само за потцетување, последните три натпревари помеѓу големите ривали од Примера дивизион, завршија без победник.

Можни состави:
БАРСЕЛОНА: Пинто, Пике, Маскерано, Алба, Алвеш, Бускец, Чави, Ињеста, Санчез, Меси, Неимар.
АТЛЕТИКО М.: Кортуа, Годин, Филипе, Хуанфран, Миранда, Суарез, Коке, Туран, Фернандез, Вилја, Коста.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.