Атлетико (М) лидер, Реал (М) гостува на Местаља

Како и што се очекуваше, екипата на Леванте е најновата жртва на актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М).

Саботната пресметка на „Винсенте Калдерон” заврши со минимален триумф на “јоргаџии” од 3:2, а најзаслужен за освоените три бода е новиот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, кој двапати се запиша во листата на стрелци.

Фудбалерите на Барселона денеска ќе се обидат да ја оправдаат фаворитската улога во дуелот со секогаш незгодниот тим на Гетафе, а најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу вечните ривали, Валенсија и Реал (М).

Резултати: Вилјареал – Севилја 1:2, Бетис – Алмерија 0:1, Атлетико М. – Леванте 3:2, Гранада – Реал Сосиедад 1:3.

Денеска на програмата: Еспањол – Валјадолид, Гетафе – Барселона, Атлетик (Б) – Р. Валјекано, Селта – Осасуна, Валенсија – Реал (М).