Спорт

Атлетико (М) минимално но доволно, пресврт победа на Барса

Атлетико (М) минимално но доволно, пресврт победа на Барса

Неделните натпревари од 35. коло во шпанската Примера дивизион не понудија ништо сензационално кога е во прашање играта и ефектот на најголемите фаворити за шампионската титула.
Актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Атлетико (М) забележа злато вредна победа на тешкото гостување во Валенсија.

Единствениот погодок на “Местаља”, постигнат во 43 минута беше дело на Раул Гарсија, а во самиот финиш од натпреварот, поради груб прекршок, директен црвен картон заработи дефанзивецот на Атлетико (М), Хуанфран.

И покрај негативата од два гола, која ја имаа до 65 минута, фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона, на крајот забележаа минимална победа од 3:2 во првенствениот дуел против домашниот тим на Виљареал.

Првиот и вториот погодок за Барселона беа дело на дефанзивците на Виљареал, Габриел и Мусакио кои по грешка ја погодија сопствената мрежа, а во самиот финиш од натпреварот, прекрасен погодок постигна најдобриот фудбалер во дресот на Барса, Лионел Меси.
Резултати: Еспањол – Алмерија 1:2, Валенсија – Атлетико М. 0:1, Атлетик Б. – Севиља 3:1, Виљаареал – Барселона 2:3.