Атлетико (М) не ги продава најголемите ѕвезди

Извршниот директор на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Анхел Гил Марин, ги израдува најверните фанови со изјавата дека клубот е во стабилна финансиска состојба и дека најголемите ѕвезди ќе останат на “Винсете Калдерон” и по завршувањето на летниот преоден рок.

“Атлетико (М) нема потреба од продавање на најдобрите фудбалери. Ние немаме никакви финансиски проблеми, нема потреба од никаков финансиски баланс. Нормално дека најголемите, најбогатите клубови во Европа сериозно се заинтересирани за нашите фудбалери. Тоа е нешто нормално ако се знае дека Атлетико (М) имаше фантастична сезона како во Шпанија, така и во Европа. Освен што сакаме да ги задржиме на “Винсенте Калдерон” најголемите ѕвезди, Атлетико (М) сака да ја продолжи соработката за уште некоја сезона. Тие фудбалери кои ќе изтазат желба за промена на клупската средина, ќе добијат дозвола за преговарање откако заинтересираниот клуб ќе ја исплати ослободителната клузула во нивниот договор”, изјави Гил Марин.

Најблиску од излезната врата од “Винсете Калдерон” е новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста кој важи за најголема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а централниот дефанзивец, Жоао Миранда најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.