Атлетико (М) подготвен за новиот каталонски тест

Напаѓачот на Атлетико (М), Раул Гарсија додатно ја подгреа атмосферата пред утрешниот реваш 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони, со изјавата дека полуларните „јорганџии” се максимално подготвени за новиот дуел против големиот ривал, каталонскиот гигант Барселона.

Првиот натпревар на „Ноу Камп” заврши без победник, 1:1, а на реванш дуелот на “Винсенте Калдерон”, гостинот има обврска да постигне најмалку еден погодок.
„Атлетико (М) е подготвен за новиот дуел против Барселона. Самодовербата е на највисоко можно ниво, благодарение на добриот резултат од првиот натпревар. Ќе видиме како ќе заврши дуелот на „Винсенте Калдерон”, но мора да бидеме задоволни од тоа што го постигнавме во актуелната сезона. Работиме напорно цела сезона и знаеме колку е важен овој натпревар, од колкава важност е за клубот и за најверните фанови. Ќе дадеме се од себе, сакаме пласман и во полуфиналната рунда”, изјави Гарсија.