Атлетико (М) во април ќе одлучи дали ќе се продава Диего Коста

Раководните лица на моментално второпласиранот тим во шпанската Примера дивизион, Атлетико (М) открија дека најкасно до април ќе се знае дали најголемата ѕвезда, новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, ќе потпише нов договор или ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Од „Винсенте Калдерон” порачаа дека е премногу рано да се збори за иднината на брзоногиот напаѓач и дека таквите информации и шпекулации можат да влијаат на неговата форма и концентрација.

И покрај големата желба да се продолжи соработката со Бразилецот, раководните лица на Атлетико (М) сериозно ја разгледуваат и опцијата за продажба, но под услов, заинтересираниот клуб да испрати официјална понуда не помала од 45 милиони евра.

Најдобриот голгетер во шпанската Примера дивизион веќе подолг временски период важи за голема желба на англиските премиерлигаши Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал, но интерес за неговите услуги помакжа и најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ.