„Атлетико Мадрид“ и „Борусија“ славеа на гостувањата во Монако и Бриж

Вечерва се одиграа натпреварите од првото коло на групите „А“ и „Д“ од Лигата на шампионите во ко гостите беа подобри, а фаворитите ги оправдаа своите улоги.

Во групата „А“, „Атлетико“ Мадрид со пресврт дојде до триумф на гостувањето во Монако со 2:1. Домаќините поведоа во 18 минута по голот на Самуел Грандсир, но радоста на „Монако“ траеше до 31 минута, кога по асистенцијата на Гризман, Коста погоди за израмнување. Целосен пресврт гостите од Мадрид направија во првата минута од судското продолжение кога Коке му асистираше на Хименез за водство од 2:1. Во второто полуврме немаше поголеми возбудувања, па резултатот до крајот остана ист.

И фудбалерите на „Борусија“ Дортмунд, иако тешко, ја оправдаа улогата на фаворит и славеа на гости против „Бриж“ со 0:1. Стрелац на голот беше Кристијан Пулишиќ во 85 минута.

Во групата „Д“ „Галатасарај“ славеше убедливо на свој терен против „Локомотив“ Москва со  3:0, додека „Порто“ на гостувањето кај „Шалке“ одигра 1:1 откако домаќините имаа водство до 75 минута.