Атлетико Мадрид и Валенсија ремизираа на “Винсенте Калдерон”

Во дербито на 26-то коло од шпанската Примера Атлетико Мадрид и Валенсија ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Домашните поведоа преку Коке во 33-та минута, додека бодот за гостите го донесе “македонецот” Шкодран Мустафи во 78-та минута.

Интересно е дека ова беше доста груб натпревар на кој беа покажани дури 13 жолти картони, а Хави Фуего поради втор жолт картон беше исклучен во 90-та минута.

На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Виљареал – Селта 4:1, Реал Сосиедад – Еспањол 1:0, Барселона – Рајо Ваљекано 6:1, Гранада – Малага 1:0, Елче – Алмерија 1:0, Атлетик Билбао – Реал Мадрид 1:0, Депортиво – Севиља 3:4 и Леванте – Еибар 2:1.

Вечерва се игра дуелот меѓу Кордоба и Хетафе.

Табела: Барселона 62 бода, Реал Мадрид 61, Атлетико Мадрид 55, Валенсија 54, Севиља 49, Виљареал 48..