Атлетико Мадрид нов шампион на Шпанија

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и официјално се крунисани за нови шампиони на Шпанија, откако го освоија толку посакуваниот бод во најважниот и последниот натпревар во актуелната сезона, дуелот против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Барселона.

Каталонскиот гигант дојде до посакуваното водство со прекрасниот погодок на чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез, но на стартот од второто полувреме, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин го постигна најважниот погодок во фудбалската кариера.

Атлетико Мадрид ја освои јубилејната 10. шампионска титула, а по пауза од 18 години, шампионскиот пехар ќе ги краси витрините на фудбалскиот храм “Винсенте Калдерон”.