Атлетико Мадрид потврди – Торес се враќа на “Винсенте Калдерон”

Одреден период се ширеа гласини за евентуална трампа помеѓу Милан и Атлетико Мадрид, во која Фернандо Торес ќе замине во Шпанија, додека во обратен правец ќе замине Алесио Черчи.

Пред два дена тие гласини добија и официјална потврда, кога Милан го откупи договорот на Торес од Челзи, а се’ со цел Шпанецот да може да замине на позајмица во Атлетико Мадрид.

torрes

Утринава пак шампионот на Шпанија и официјално го потврди ангажманот на Фернандо Торес, кој по пауза од седум години се враќа во својот матичен клуб. “Ел Нињо” следните 18 месеци ќе ги мине на позајмица во тимот од “Висенте Калдерон”, додека Алесио Черчи ќе биде првото зимско засилување на “росонерите”.

tores

“Најпосле се враќам дома. Им благодарам на сите кои овозможија овој сон да стане реалност”
, напиша кратко Торес на својот официјален Твитер профил.