Спорт

Шпански Куп на кралот Атлетико Мадрид рутински во четвртфиналето

Атлетико Мадрид рутински во четвртфиналето

Фудбалерите Атлетико Мадрид рутински ги изборија пласманот во четвртфиналето од националниот шпански Купот на кралот, во двомечот со третолигашот Леида Еспортиу.

Во првиот меч „јорганџиите“ на гостувањето славеа со 4:0, а во реваншот на нивниот стадиот „Метрополитано“ победија со 3:0.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Јаник Караско во 67, Кевин Гамеиро во 74 и Витоло во 81 минута.