Атлетико Мадрид сигурен против Хетафе, Коста повторно стрелец

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред своите навивачи го совладаа Хетафе со 2:0 во натпревар од 18-то коло на шпанското првенство, а уште еднаш стрелец беше повратникот Диего Коста.

Атлетико поведе во 18 минута со голот на Анхел Кореа, благодарејќи на Антоан Гризман кој ја заврши целата работа а на Аргентинецот му остана само да ја спроведе топката во мрежата. Во 68 минута Диего Коста од средината на шеснаесетникот биеше неодбранливо за својот втор погодок откако се врати во редовите на мадридските „јорганџии“ од лондонски Челзи, а прв на домашниот терен.

Бразилецот кој настапува за шпанската селекција голот го прослави меѓу навивачите, но бидејќи шест минути претходно доби жолт картон поради удирање на противникот со лакт, судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро немаше друг избор освен да го исклучи покажувајќи му го вториот жолт картон.
Коста беше стрелец во средата во својот прв настап по враќањето од Лондон кога Атлетико Мадрид направи голем исчекор кон пласманот во четвртфиналето шпанскиот куп откако во првиот дуел од осминафиналето на гостувањето го совладата третолигашеот Леида Еспортиаа со 4:0.

Атлетико Мадрид со 39 бодови е на второто место на табелата, за зад водечката Барселона заостанува шест бодови, но Каталонците имаат и натпревар помалку, Хетафе е на осмото место со 23 бодови.