Атлетико му го зема на Реал Суперкупот на УЕФА

220

Фудбалерите на мадридски Атлетико се победници на континенталниот Суперкуп, откако во Талин во средата вечерта го совладаа градскиот ривал Реал со 4:2 (2:2, 1:1) по продолжувањата.

По регуларните 90 минути игра резултатот беше 2:2, но во дополнителните половина час Атлетико постигна два гола и стаса до својот трет Суперкуп во клупската историја, по 2010 и 2012 година. Реал, пак, остана на четири освоени дуели меѓу победниците на двете најсилни континентални натпреварувања – во 2002, 2014, 2016 и 2017 во Скопје.

Веќе во првата минута од дуелот Атлетико поведе со голот на Диего Коста, но Реал успеа да направи пресврт. Прво Карим Бензема во 27 минута израмни на 1:1, а потоа Серхио Агуеро од пенал во 62 минута да го доведе „Кралскиот клуб“ во водство. Сепак, Диего Коста со својот втор гол во 79 минута го одведе натпреварот во продолжение.

Во дополнителните двапати по 15 минути, победата на Атлетико му ја донесоа Саул Нигуе во 98 и Коке во 104 минута.

Skin Delight