Атлетико Насионал побара титулата да му се додели на Чапокоензе

Колумбиски фудбалски клуб Атлетико Насионал побара од Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка титулата „Судамерикана“ да ја додели на Чапокоензе, по несреќата и падот на авионот во кој се наоѓаа фудбалерите на бразилскиот клуб.

Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, претставници на Атлетико Насионал на денешната средба со луѓето од континенталниот сојуз трофејот од натпреварувањето да се врачи на бразилскиот клуб, а на Колумбијците да се додели место во Купот Либертадорес следната година.

Комерцијалниот авион кој леташе за Меделин, а во кој се наоѓаше и бразилската фудбалска екипа се сруши во близина на колумбискиот град каде што требаше да слета. Според последните информации, од 81 патник во авионот шест ја преживеаја несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.