Атлетико со пресврт ја победи Селта

атлетико

На средбата одиграна на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, иако гостите во два наврати имаа предност сепак домашните фудбалери на крајот се радуваа на победа и тоа со голот на Антоан Гризман во 88.минута.

Покрај овој натпревар, вчера се одиграа и средбите:
Виљареал – Малага 1:1,
Легањес – Спортинг Хихон 0:2 и
Лас Палмас – Севиља 0:1.

Претходно:
Еспањол – Реал Сосиедад 1:2,
Бетис – Валенсија 0:0,
Алавес – Барселона 0:6,
Атлетик Билбао – Ла Коруња 2:1 и
Осасуна – Реал Мадрид 1:3.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Еибар – Гранада.

Табела: Реал Мадрид 49 бодови (натпревари помалку), Барселона 48, Севиља 46, Атлетико Мадрид 42, Сосиедад 41, Виљареал 36, Атлетик Билбао 35.