Спорт

Ла Лига Атлетико се приближи на девет бода до Барса

Атлетико се приближи на девет бода до Барса

Во дербито на 22-то коло на шпанското фудбалско првенство фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Валенсија со 10, и се приближија на девет бодови зад водечката Барселона.

Пресметката меѓу втората и третата екипа на табелата не понуди атрактивен фудбал, туку крајно тврд натпревар во кој приоритет беше да се остане непоразен. Средбата ја репи прекрасниот гол на Аргентинецот Анхел Кореја, кој во 59 минута го погоди самиот горен агол од голот на гостите.

Откако претходно во неделата Барселона спаси бод во градското дерби против Еспањол (1:1), Каталонците останаа на чело на табелата со 58 бодови, но сега Атлетико Мадрид им се приближи со 49 бодови, а Валенсија остана трета со 40 бодови. Актуелниот шампион Реал Мадрид во сабота повторни киксираше кај Леванте (2:2) е на четвртото место со 39 бодови и меч помалку.