Атман најдобар ракометар во осмина финалето на Лигата на шампиони

Средниот бек на македонскиот ракометен вицешампион Металург, Павел Атман е избран за најдобар ракометар во реваншот од осминафиналните средби во Лигата на шампионите.
Атман се најде на лидерската позиција со рекордни 62 отсто од гласовите на испитаниците, пред десниот бек на македонскиот шампион Вардар , Алекс Душебаев  со 25 отсто и голманот на Р.Н. Ловен, Никлас Ландин со 6 отсто.

Претходно за најдобар ракометар во првите 1/8 финални натпревари беше десниот бек на тимот од Автокоманда, Ренато Вугринец.