Атмосферска канализација со полиетиленски цевки во Делчево

Се заменуваат старите водоводни азбестни цевки со нови полиетиленски цевки на улицата „Светозар Марковиќ“ во центарот на Делчево.

Како што информираат од општина Делчево, по реконструкцијата на водоводната мрежа на таа улица, ќе следува поставување атмосферска канализација на улицата.

– Станува збор за поставување атмосферска канализација со полиетиленски цевки во должина од околу 380 метри. Со изградбата на атмосферската канализација се отвора можноста да се почне и со изградба на фекалната канализација на улицата, истакнаа од општина Делчево.

Овие активности претходат на најавената целосна реконструкција на улицата. Освен реконструкцијата на оваа улица, за годинава Делчево планира реконструкција и на ул. „Маршал Тито“, патот до с. Драмче, како и изградба на улици во населбата Ѕвегорска река. Средствата за капитални инвестиции испланирани во буџетот на општината, се во износ од 90 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.