АТП: Федерер ја започна потерата по Ѓоковиќ и врвот на АТП

Рожер Федерер со својата 1000-та победа и освоената титула во Бризбејн, успеа да му се приближи на првиот рекет, Новак Ѓоковиќ на 1530 поени.

Ѓоковиќ, кој во Доха беше елиминиран во третото коло, загуби речиси 200 поени од предноста која ја има пред Федерер, така да можеби токму оваа 2015-та година ќе му се исполни големата желба на Швајцарецот – уште еднаш да го почувствува врвот на АТП листата.

Топ 5 АТП листа:

1. Новак Ѓоковиќ – 11,405
2. Рожер Федерер – 9,875
3. Рафаел Надал – 6,585
4. Станислас Вавринка – 5,370
5. Кеи Нишикори – 5,025