АТП Торонто: 19-годишниот Циципас го елиминираше Ѓоковиќ

Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас приреди сензационално изненадување во 3-то коло од АТП турнирот од серијата „мастерс 1000) во Торонто откако го изнанди четирикратниот победник на Канадиан Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-7 (5), 6-3.

Откако направи изненадување со победат против Доминик Тим, 19-годишниот Грк покажа самоувереност и сила и во дуелот со моментно десеттиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.

Следен противник на Циципас ќе му биде победникот од дуелот меѓу Медведев и Зверев.

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО:

 

Григор Димитров (Бугарија/ 5) – Френсис Тиафо (САД) 7-6 (1), 3-6, 7-6 (4)

Кевин Андерсон (ЈАР/ 4) – Иља Ивашка (Белорусија) 7-5, 6-3

Стефанос Циципас (Грција) – Новак Ѓоковиќ (Србија/ 9) 6-3, 6-7 (5), 6-3